За Ѓурѓовден пристигна иконата на Покров на Пресвета Богородица

Во очи празникот Ѓуѓовден во Кочани пристигна Чудотворна икона Симбол на вера, надеж и заштита – иконата на Покров на Пресвета Богородица од денеска е духовен штит на градот. Донесена од рилскиот манастир од Бугарија, таа веќе ги обединува верниците во заедничка молитва. По 50 дена посветена молитва и мајсторска работа од страна на монасите, иконата е поставена во храмот на Св. Ѓорѓи Победоносец – каде од денеска секој верник може да се поклони, да се помоли и да побара духовна сила. Многумина ја нарекуваат новата небесна заштитничка на Кочани – икона што ќе ги чува домовите, семејствата и иднината на градот. Храмот ќе биде отворен секој ден, а организирани се и молитвени собири. Верниците веруваат дека ова е почеток на ново духовно будење. Во време на предизвици и несигурност, Кочани добива нов симбол на надеж. Пресвета Богородица – преку оваа икона – станува тивка, но моќна застапница за секој што со срце верува.

Иван Митев, М-Нет