Во финална фаза изградбата на брана на река Отиња, обезбедени дополнителни 145 милиони денари

Обезбедени дополнителни 145 милиони денари за изградба однонсо дозавршување на брната на река Отиња во Штип. Како што истакна министерот за транспорт и врски, се работи со засилена динамика и се очекува следната година изградбата да биде завршена, во 2027 година да се наполни со вода и да почне да се користи од страна на граѓаните во Штип.

„Третиот проект тоа е браната Отиња, која треба да е еедна нова туристичка атракција. Обезбедивме дополнителни 145 милиони денари, се реализира во моментот и очекувам во текот на следната година да заврши, да почне да се полни со вода и веќе летото 2027 година се надевам да направиме „сефте“ на тоа езеро.“ – додава Николоски.

Дополнително во Штип се инвестира во вдоводните и канализациони системи, а во финална фаза е изработката на детален урбанистички план за бањата Кежовица. Со ова се отвораат нови перспективи за развој на туризмот во Штип.

„За Општина Штип инвестираме дополнително некаде околу 70 милиони денари за водоводни и канализациони системи. Да најавам дека оваа година ќе имаме уште една таква слична активност како дополнителна поддршка. Заедно со градоначалникот работиме и во финална фаза сме на изработка на ДУП за бањата Кежовица која треба да отвори многу перспективи за развој на туризмот и една викенд населба која ќе значи многу за целиот Источен дел на државата“ – вели Николоски.

Изградбата на брана на река Отиња е догогодишен проект кој треба да се реалзира во Штип, со цел развој на туризмот во градот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет