
За околу два месеци, се очекува да бидат пуштени во функција 15 амбуланти, кои ќе работат во склоп на некогашната модуларна болница во Штип. Директорот на КБ Штип Владко Захариев, денес рече дека во предвидените амбуланти ќе може да се вршат специјалистички и супспецијалистички прегрледи, кои што ќе бидат во мој термин. Додава дека во овој објект ќе има и поголема просторија за евентуални мали интервенции за земање крв или правење ехо.
Во мегувреме течат договорите, за да итната медицинска помош во Штип биде со ургентниот центар, рече Захариев, но подетално ќе се знае кога ќе биде завршен ургентниот центар, додаде тој
Инаку, дополнително она што истакна директорот е дека предвидениот проект со оваа реконструкција чини околу 600 000 денари.
Иван Митев, М-Нет