
Голем хуманитарен концерт утре ќе се одржи во Штип за помош на семејствата на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Концертот се организира од страна на Здржение на музички педагози од Источниот регион, а е закажан за во 19 часот во Дом на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Ќе настапат деца кои оствариле право да учествуваат на државните натпревари.
„Ќе направиме хуманитарен концерт кој ќе се одржи помеѓу двата натпревари. Тоа се натпревари регионални и државни. На концертот ќе учествуваат децата кои оствариле право за учество на државните натпревари. Овој регион е расадник за малади и талентирани музичари и пеачи и ја користиме приликата тоа да биде во Штип. Концертот ќе се одржи утре во 19 часот во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип.
На хуманитарниот концерт ќе се престават хористи и играорна од Виница, мондолински оркестар од Владимирово, беровско, мешан оркестар од Пехчево, а учесници ќе има и од Свети Николе. Настанот ќе биде збогатен со солисти, а ќе настапи и хорот составен од ученици од училиштата „Тошо Арсов“, „Ванчо Прќе“ и „Славејко Арсов“ од Штип. Влез нема да се наплаќа, а секој може да донира колку му дозволуваат можностите.
„Имаме многу убав и добар репертоар, иамме македонска забавна музика, македонска народна музика, имаме светски познати хитови и оркестрите имаат прекрасни преработки. Со хорот од Штип ние ќе настапиме со две забавни мелодии и се надеваме дека сите ќе уживаат. Еден апел до сите хумани граѓани, до сите оние кои сакаат да слушнат добра музика да повелат.“ – додава
Тенденција е овој концерт да прерасне во традиција. Ќе се организира во во повеќе градови, а средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет