Кратово забележа триумф, Мал Ајакс во Штип пресилен за Конзули, Овче Поле очекувано до убедлива победа над Карадаку

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Завршницата од сезоната во Втората македонска футсал лига ќе биде повеќе од неизвесна, бидејќи и натаму Овче Поле, Балкан и Мал Ајакс ја водат трката за првите две позиции кои директно водат кон Првата футсал лига.

Една од овие две екипи ќе извиси и ќе остане второлигаш и во следната сезона, а две екипи ќе патуваат во елитата за да ги пополнат местата на Железарец и Црна Река кои испаднаа од Првата лига.

Во рамки на 21. коло екипата на Овче Поле со убедливи 2:8 сосема очекувано триумфираше над Карадаку со што трите бодови заминаа на контото на тимот од Свети Николе.

Кратово во спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип со 3:1 го доби тимот на СЕЕ Университи од Тетово.

Мал Ајакс на домашен терен со убедливи 15:2 славеше убедливо над Конзули од Битола, а десет погодоци постигна Иса Дурмишов.

Партизан Југ на домашен терен во Брвеница со 9:7 го доби мечот со Каршиака, кој беше повеќе од неизвесен.

Натпреварот меѓу Победа и ССК Скопје не се одигра. Како што е заведено во записникот, натпреварот не започнал бидејќи кај домашната екипа имало само пет уредни лекарски прегледи од вкупно девет внесени во записникот шпто го исполнува условот за започнување на натпреварот, а кај гостинската екипа забележано било само два регуларно лекарски прегледи кај другите фудбалери лекарскиот преглед бил со истечен рок на важност односно направени биле на 9 октомври 2024 година и 10 октомври 2024 година и не ги исполнувале условите за почеток на натпреварот.

Во рамки на ова коло слободна беше екипата на Балкан.

Александар Ванев, М-Нет