
Во рамки на 15. коло на плеј-офот на женската ракометна Суперлига екипата на Астибо го впиша 15-тиот пораз во овој сегмент од натпреварувањето откако загуби од Куманово во гости со 36:22.
Тенката клупа за ротација е уште една причина за големиот пораз на Астибо, бидејќи во првиот дел резултатот беше 17:12, а во вториот дел Куманово има можност да ротира и со свежи сили да го добие мечот.
Сара Цветановска кај Куманово беше најдобра со осум гола, а кај Астибо се истакна Марија Анчева со шест гола, а толку имаше и Елена Димова.
Металург Автокоманда немаше сили за шампионот Ѓорче Петров, откако „лавиците“ доминираа за убедлива победа од 22:33. Кај тимот од Автокоманда најдобра беше Марија Јанкуловска со пет реализации, а пак кај Ѓорче Петров најпрецизна беше Ивана Дежиќ со девет гола.
Вардат го загуби дербито со Чаир со резултат од 34:37, откако тимот на Чаир направи осетна предност од шест гола на полувреме. Леона Миленковска беше најдобра кај Вардар со десет гола, а пак кај Чаир се истакна Стефанија Ѓеоргиевска со 13 гола.
Во плеј-аут сегментот екипата на Овче Поле СУ на домашен терен загуби од Пелистер со 22:29, Деспина без проблеми го декласираше Шампион со 39:18, а пак Спартак со 30:27 ја доби Стружанка. Екипата на Ѓорче Петров 2 беше слободна во рамки на 9. коло во плеј-аутот.
Александар Ванев, М-Нет