
Последното 22. коло во Втората кошаркарска лига донесе изненадувачки пораз за екипата на Соколи од Штип, откако претрпе пораз со резултат од 109:91 од „фенерџијата“ Работнички 2018 на гостински терен, но треба да се напомене дека штипскиот тим на овој меч настапил со млади играчи, со оглед на тоа што не им беше важен резултатот бидејќи истиот не прави промени, па во таков случај подобро беше да се сочуваат силите за најважното.
Езерското дерби заврши со триумф за Црн Дрим откако славеше со 86:83 над ланскиот прволигаш Охрид, а пак Борец Баскет дома загуби од екипата на Маџари со резултат од 69:81. Бутел го доби тесно мечот со Струмица со 72:66, висока победа забележа вториот тим на МЗТ Скопје од 89:114 над Водно Санс, а пак фаворитот Ангели со 69:75 го доби Мега Баскет.
Сега започнува битката во плеј-офот за промоција во Првата лига, а Соколи тргнува против Бутел. Првиот меч се игра во Штип веќе во среда.
Александар Ванев, М-Нет