Арсими и Беласица без двајца играчи – Охрид, Борец и Брегалница нема да може да сметаат на по еден играч за 26. коло на Втората лига!

Во сабота на програмата ќе бидат натпреварите од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига, сезоната влегува во самиот финиш, а тоа прави да имаме неизвесна завршница пред се кога е во прашање директениот влез во Прва лига.

Поради акумулирани пет жолти картони овој викенд седум фудбалери ќе го пропуштат 26. коло.

Брегалница нема да може да смета на Џихан Адили, кој поради пет жолти картони го пропушта мечот со Македонија ЃП, кој се игра в сабота. Борец за натпреварот со Вардар Неготино нема да може да смета на капитенот Кирил Ивановски, додека пак Беласица која ќе игра со Кожуф во Гевгелија нема да може да смета на Борјан Попоски и Стефан Младеновски.

Арсими на располагање нема да ги има Алпај Јусуф и Суби Мустафи за мечот со Детонит Плачкоица во Радовиш, а пак Охрид кој ќе гостува кај Скопје ќе биде без Албнор Каба.

Сите натпревари од 26. коло на ВМФЛ ќе започнат во 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет