Со возило старо 50 години се гасел пожарот во Пулс во Кочани, поднесена иницијатива за набавка на ново возило

Пожарот во дискотеката во Кочани се гасел со противпожарно возило од пред 50 години, а еден од пожарникарите наместо да го гаси пожарот принудел бил да седи во возилото и да кочи. Ваквата ситуација зборува од итноста за набавка на нови противпожарно возило за потребите на кочанската територијалана противпожарна единица. Затоа денеска се поднесе иницијатива за ново противпожарно возило за ТППЕ Кочани на седницата на ИПР.

„На трагичниот настан за време на несреќата возилото кое е користено од ТППЕ Кочани е од 1971 година. Автоматски морало да седи лице внатре и да кочи и наместо пожарникарот да го гаси пожарот истиот морал да биде внатре во возилото. Денеска се донесе иницијатива која ќе се испрати до Влада.“ – вели Крстевски.

Возилото ќе може да користи и за останатите општини во Источно планскиот регион доколку за тоа има потреба.

„Возило кое ќе биде ставено во функција на ТППЕ Кочани, но ќе се користи и во другите општини доколку има потреба“ – вели Коцев.

Слична ситуација со противпожарни возила има речиси во сите општини. По примерот од минатата година кога гореше Серта, градоначалниците од Истокот апелираат на носење одлуки и Закони со кои ќе се надминат овие проблеми.

„Мора вклучување на државата во помош на сите локални самоуправи, бидејќи состојбата горе – долу е слична насекаде. Имаме и постојани тужби од страна на пожарникарите и се очекуваше дека ќе се донесе законско решение. Јас се надевам дека од она што ни се случуваше минатата година, оваа година ќе има конкретен чекор од страна на Влада“ – вели Анастасов.

Во ТППЕ Кочани има само 16 вработени пожарникари, а законски потребни се 32.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет