Штип домаќин на Државното првенство за средни училишта во ракомет во женска конкуренција

Штип денес е домаќин на Државното првенство за средни училишта во ракомет во женска конкуренција, а учество зедоа училишта од Битола, Скопје, Делчево и СОУ „Јане Сандански“ од Штип.

Натпреварите се одигруваа во спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип.

„СОУ Коле Нехтенин денес е повторно домаќин на еден голем спортски настан, станува збор за Државно првенство ракомет за средношколци за девојчиња. Се надевам дека ќе имаат убав ден нашите спортисти ќе спортуваат ќе се забавуваат и како што рековме во здраво тело здрав дух“, вели директорката на СОУ „Коле Нехтенин“, Јованка Шалева.

Штип уште еднаш потврдува зошто е град на спортот и се покажува во многу наврати како одличен домаќин, а во организација на Сојузот на училишен спорт на Штип.

„Денеска СОУ „Коле Нехтенин“ е домаќин на Државното првенство во ракомет за девојчиња. Овде учествуваат екипи победници од Источниот регион, Западниот регион, Скопскиот регион и домаќинот Штип, кои ќе се натпреваруваат во ракомет. Денеска се надевам ќе имаме добри натпревари и ќе победи најдобриот“, вели претседателот на Сојузот на училишен спорт на Штип, Зоран Арсов.

На Државното првенство за средни училишта во ракомет во женска конкуренција настапија четири училишта.

„Денеска ќе настапуваат од Западниот регион настапува училиштето од Битола, од Источниот регион училиште од Делчево, Скопскиот регион училиште од Скопје и нашето училиште СОУ„Јане Сандански“, додава Арсов за М Нет телевизија.

Сега следуваат натпревари од шесто и седмо одделение во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет.

„Со ова завршуваме со овие натпревари од Државните учества, сега имаме натпревари од шесто и седмо одделение во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет. Исто така, во месец мај не’ очекува гимназијадата во Атлетика во Куманово“, дополнува Арсов.

За М Нет телевизија, потпретседателот на Сојузот на училишен спорт на Македонија, Славчо Давитковски, кој воедно е и претседател на Сојузот на училишен спорт на Источниот регион, вели дека интерес за спорт кај младите има.

„Имаме три региони во државата Источниот регион каде што сум јас Претседател навистина имаме доста интерес опфатот на ученици и од основното и од средното образование е голем. Резултати се на крајот на годината на овие државни првенства евидентни и ние сме задоволни комплетно и во поглед на масовност и на квалитет“, вели Славчо Давитковски, кој е потпретседател на Сојузот на училишен спорт на Македонија.

Следен спортски настан под капата на Сојузот на училишен спорт како што истакна Давитковски за М Нет телевизија, на 14 мај во Кочани ќе се одржува олимпијада за основни училишта.

„Следи на 14 мај олимпијада во Кочани, што повторно Источниот регион е домаќин заедно со Делчево. Значи овие два града ќе бидат домаќини за основно образование“, дополнува Давитковски.

Штип уште еднаш потврдува дека е одличен домаќин на вакви спортски настан, затоа и го носи приматот град на спортот.

Александар Ванев, М-Нет