
Вардар го доби дербито со актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во Битола со резултат од 34:35 со гол во последните секунди за победа, откако Дмитро Хориха го имаше победничкиот гол за вардарци и тој е херојот на скопскиот тим.
Сега Вардар е на првото место со 12 бодови, а пак Еурофарм Пелистер е втор со 11 бодови. На третото место е екипата на Алкалоид која има 8 бодови, а која во рамки на ова рунда славеше над Бутел со 33:30.
На четвртото место е Охрид со пет бодови, а пак Тиквеш е петти со три бодови. Овие две екипи вчера се соочија во Кавадарци каде охриѓани беа подобри со 20:24. На дното во плеј-офот е Бутел како единствен тим без бодови односно има пет порази од пет натпревари.
Во однос на табелата во плеј-аутот лидер е Пролет со десет бодови, а во рамки на 5. коло во плеј-аутот екипата на Пролет славеше на Радовиш. На второто место е Прилеп кој има девет бодови на своето конто, а беше подобар од Струга со 25:30.
Куманово со 28:25 славеше над Борец ФЛ на домашен терен и така веќе се зацврстува на третото место со седум бодови.
Битката за опстанок во Суперлигата ќе ја водат три екипи. Радовиш е на четвртото место со четири бодови, во бараж зоната е Борец ФЛ со ист број на бодови, а на дното или во зоната за директно испаѓање е Струга, исто така со четири бодови.
Александар Ванев, М-Нет