
Специјално возило, медицински помагала и инсталирање на агрегати доби Домот за стари лица „Доктор Иван Влашки“ во Берово. Со ова се зголемуваат услугите на корисниците кои се сместени во овој дом.
„Извршивме преотстапување на специјално возило, медицински помагала како и инсталирање на агрегати за потребите на домот за стари лица Берово.“ – вели Коцев.
Но и покрај новите 28 легла, сепак листата на чекање и понатаму е долга. Над сто стари лица чекаат да бидат сместени во старечкиот дом во Берово и да ги користат тамошните услуги. Градоначалникот на Општина Берово, посочи дека се настојува домот во најголема мера да ги прима старите лица кои се од Берово и регионот.
„Вкупниот капацитет е 67, а инаку она што е потпомогнато од овој преокт е 28. Листата на чекање е огромна. Беа 167, од тие веќе 28 се сместени, но и во овој момент бројот на лица кои чекаат е над 100. Настојуваме да тој дом биде регионален.“ – вели Пекевски.
Со денешните активности практично завршува проектот за реконструкција и преадаптација на Ламела 4 во старечкиот дом во Берово. Капацитетот на домот се зголемува, а тенденција е да биде уште поголем за потребите на старите лица од Берово и регионот.
„Донесовме одлуки со кои се заокружува реализацијата на проектот за одржлив и инклузивен развој. Со овој проект направивме реконструкција и преадаптација на Ламела 4 во постоечкиот старечки дом „Доктор Иван Влашки“ во Берово, со што го зголемивме капацитетот на домот за стари лица за уште 28 легла. Тие корисници се веќе вселени, ги користат услугите во самиот дом“ – вели Здравков.
Старечкиот дом „Доктор Иван Влашки“ во Берово е единствениот старечки дом во Источниот регион. Останатите општини како Кочани и Штип прават напори со цел да се изградат нови домови за стари лица. Во Штип се чека отстранување на администратвна пречка за да може да пордолжи доизградбата на домот за стари лица.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет