Познати домаќините за групите од ракометниот Куп на Македонија

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Како што веќе информиравме познати се групите и двојките за ракометниот Куп на Македонија, а веќе се познати и домаќините на групите, односно организаторите.

Има четири четвртфинални групи од ракометниот Куп на Македонија, во првата група каде играат Алкалоид, Мулти Есенс, Партизан и Пролет организатор и домаќин е Алкалоид.

Во првиот меч ќе се соочат Алкалоид против Мулти Есенс, а пак Партизан ќе игра со Пролет. Натпреварите се играа во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Во втората група се екипите на Еурофарм Пелистер, Куманово, Радовиш и Струга, а организатор и домаќин е Еурофам Пелистер. Двојните во оваа група се Еурофарм Пелистер против Куманово, а пак Радовиш со Струга.

Во групата 3 домаќин и организатор ќе биде Еурофарм Пелистер 2, а натпреварите се играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, каде Вардар ќе игра со Бутел, а пак Борец ФЛ со Еурофарм Пелистер 2.

Групата четири ќе се игра во спортската сала „Билјанини Извори“, а организатор и домаќин е Охрид, кој ќе игра против Прилеп, а пак Тиквеш ќе се соочи со Аеродром.

Натпреварите се играат овој викенд на 26 и 27 април, а победниците од двете полуфиналиња ќе играат финале во групата, со што победниците од групите одат на завршницата од Купот.

Александар Ванев, М-Нет