
Третото коло на плеј-офот и плеј-аутот на Првата ракометна лига не донесе некои големи изненадувања. Во рамки на плеј-офот фаворитите одиграа според планот, па така Младост во Богданци со убедливи 40:20 го доби тимот на Металург РА, со што Младост ја продолжува борбата за второто место и баражот за Прва лига.
Непоразениот лидер Еурофарм Пелистер 2 кој е се поблиску до експресно враќање во Суперлигата со убедливи 18:53 го декласираше Скопје, додека пак Македонија ЃП исто така однесе висока побеад од 37:21 на домашен терен над Овче Поле.
На домашна победа се израдува и тимот на Драчево кој со 38:31 ја доби екипата на Јехона од Гостивар.
Во рамки на 3. коло на плеј-аутот екипата на Текстилец од Штип беше поразена во Струмица со резултат од 32:30. Најдобар стрелец кај струмичани беше Марко Стојанов со седум гола, а го следеше Гоце Аргиров со шест гола. Кај штипјани стандардно се истакна Филип Џинес со 13 гола.
Аеродром на домашен терен претрпе висок пораз од Партизан со резултат од 34:41.
Александар Ванев, М-Нет