
Продолжен викенд, ама тешко без финансии да се излезе од Штип. Економската ситуација, причина за да граѓаните празниците ги поминат во домашни услови. Едни ќе одат кај пријатели, други дома во двор, ама за месо на скара, сепак можност се има.
Најмалку 300 евра се потребни во џеб за да се тргне на викенд во државата, граѓаните се согласни дека има и такви кои што заштедуваат за ваквите споени викенди.
Во согласност со ситуацијата, помладите претежно за овој викенд заминаа на патување надвор од границите, а како најбарана дестинација веше островот Крф, повозрасните кои беа решени за прошетка, заминаа на планинска дестинација.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет