
Утре на програта ќе бидат натпреварите од 28. коло на Првата фудбалска лига, а се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.
Штипјанецот Стојанче Стојанов ќе им суди на Воска Спорт и Вардар во Охрид, Стојанче Трпчевски ќе им суди на Беса и Шкендија, Игор Стојчевски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Тиквеш и Брера.
Игор Иванов ќе биде главен судија на мечот меѓу Работнички и Пелистер, Фуркан Идризи ќе ја дели правдата на на дуелот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар, а пак Бењамин Ќерими ќе биде главен на Чаир каде играат Шкупи и Силекс.
Сите натпревари ќе започнат во 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет