Левески ќе им суди на Борец и Брегалница, Тефику главен во Струмица

Во понеделник ќе се играат натпреварите од 25. коло на Втората фудбалска лига, а на М Нет телеивизија ќе можете да го следите мечот меѓу Борец и Брегалница кој се игра во Велес.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата, па така во Велес главен судија ќе биде Димитар Левески, Ндерим Тефику ќе им суди на Беласица и Скопје, а пак Александар Урошевиќ на Македонија ЃП и Детонит Плачковица.

Сашко Ристов ќе им суди на Новаци и Вардар Неготино, Ангелчо Ристов патува во Охрид каде ќе им суди на Охрид и Осогово, Александар Василевски го доби мечот меѓу Арсими и Кожуф.

Слободан Боцевски ќе им судина Башкими и Вардарски, а пак Здравко Костовски од Штип ќе им суди на Победа и Каменица Саса.

Сите натпревари ќе започнат во ист термин, односно 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет