
Црквите, храмовите и манастирите ги отворија вратите за верниците, се служеа царските часови, посветени на погребението христово и неговото страдање, а се положи и плаштаницата на ковуклијата.Денеска според кажувања на предците и небото и земјата плачат и тагуваат заради неправедното убивање и распнување на нашиот спасител.
Граѓаните ги посетија градската црква Свети Никола, како и црквите во Ново Село и населба Сењак. Сите со исти пораки и желба за здравје и мир.
„Денеска е најголем христијански празник и денеска денот се поминува во молитва. Да сме живи и здрави сите.“
Утре вечер пред полноќ започнува големото поврчерие и се слави хирсовото воскресение. Во 23 часот и 30 минути, ќе почне полуноќница со биење на камбаните и објавување на Воскресението Христово, како и пасхална литургија на Св. Јован Златоуст. Се читаат каноните и потоа се излегува надвор, се врти трипати околу светиот храм и на полноќ се чита евангелието, се пее Христос воскресна и се објавува воскресението христово. Во недела се слави големиот христијански празник Велигден.
Православниот канон за Велипеток предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет