Кој ќе биде најдобар стрелец во Втората фудбалска лига? Неизвесна трка на Христов и Рамадани!

ФОТО: Александар Ванев, забрането е превземање на фотографијата без добиена согласност!

Трката за најдобар стрелец во Втората фудбалска лига станува се понеизвесна, а особено откако Аљбин Рамадани успеа да го стигна Симеон Христов, па така фудбалерот на Арсими има 18 погодоци, а толку има и искусниот Христов кој го носи дресот на Македонија ЃП.

До крајот во Втората лига има уште шест кола, а на истите покрај неизвесната трка за влез во Прва лига и за опстанок во Втора лига ќе се води неизвесна трка и за тоа кој да биде најдобар стрелец.

Христов долго време беше најдобар стрелец, практично тој ја држеше водечката позиција сам, но Рамадани успеа да го стигне и да се изедначат на врвот од листатата на најдобри стрелци.

Зад нив на третото место е Андреј Симевски, кој ги брани боите на Каменица Саса, со 12 постигнати погодоци, а пак на четвртото место е Хусеин Демири од Башкими со 11 погодоци. Овие двајца фудбалери ќе ја водат трката за трет најдобар стрелец, а зошто и да не изненадат и за најдобар стрелец во ВМФЛ?

Александар Ванев, М-Нет