Жена од Свети Николе физички нападната на работно место од сограѓанин

фото: архива/илустрација

На 15.04.2025 во 15 часот В.Б.(32) од Свети Николе пријавила дека на 11.04.2025 околу 02.30 часот, додека извршувала работни задачи во индустриската зона „Бунарџик“, била физички нападната од А.М. од Свети Николе, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.