
Утре се враќа уште еден пациент од странство, а од вкупно 47 засега само еден критичен. Министерот за здравство Арбен Таравари денес рече дека е направено евалуација од страна на експерти за тоа колку време ќе им биде потребна за рехабилитација на пациентите, па според нивните исптувања ќе бидат потребни од 18 до 24 месеци до нивно оздравување.
,,Утре се најавува враќање на уште еден пациент, така да од вкупно 47 пациенти, само еден можам да кажам многу критичен. Направена е и евалуација од експерти од Британија за тоа колку време ќе им треба за рехабилитација. Некој ке бидат задржани подолго. Има пациенти на кои што ќе им треба рехабилитација од 18 до 24 месеци.“, рече Таравари
За сега во клиниките во државата се уште има пациенти, додава министерот Таравари, а на преврска доаѓаат само двајца, кој се во подобра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување
,,Од двајцата критични пациенти, едниот е малку подобар, значи двајца беа многу критични, состојбата кај едниот е малку подобра и се надеваме да се подобрува. Денеска не очекуваме да се вратат нови пациенти. На клиниката за пластична има само еден пациент, а двајца доагаат само за преврска. Во Св. Наум Охридски има два пациенти и во систина двјца.“, вели Таравари
Она што дополнително посочува министерот е тоа дека ситуацијата со пациентите се подобрува на секаде, па затоа во следниот период се очекува сите здрави да бидат вратени во своите домови.
Иван Митев, М-Нет