Алкохолот е лош сопатник – превентизвни активности во Кочани пред Велигден

„Алкохолот е лош сопатник“ „Не пиј кога возеш“, Општина Кочани во соработка со полициската станица Кочани и општинскиот совет за безбедност во сообраќајот спроведоа превентивни активности пред големиот христијански празник Велигден. Целта е да се посочи на граѓаните, пред се на учесниците во сообраќајот дека не треба да се седнува зад волан под дејство на алкохол за да не се предизивикаат сообраќајни несреќи, или несреќи со жртви.

„Денешниве покрај акциски контроли, имаме превентивни активности од страна на Кочани, ПС Кочани и општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Денеска активностите се однесуваат за воочување на сите учесници во сообраќајот, да не се користи и консумира алкохол и да се возат автомобилите. Пред нас се празници кои треба да ги поминеме убаво“ – вели Пауновска-Анѓелковиќ.

Активнностите денеска се спроведоа на повеќе локации во Општина Кочани, а полицајци им укажаа на возачите дека не треба да возат под дејство на алакохол. Во Кочани превентивни активности се спорведуваат постојано во текот на годината.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет