
Сонот на штипјанката Ангела Нацева се оствари – младата фудбалерка доби повик и е дел од репрезентацијата на Македонија до 16 години. Фудбалерката на Швабен Аугсбург е дел од репрезентацијата на Македонија до 16 години која во моментот е во Албанија каде зема учество на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Албанија.
Нацева е ќерка на познатиот кикбокс тренер Кирил Нацев, а живее со нејзиното семејство во Германија. Нацева важи за голем фудбалски талент, а тоа е препознаено и од репрезентацијата на Македонија и затоа доби и повик од селекторот Катерина Милеска.
Од мала возраст Нацева започнува со тренирање и играње фудбал, нејзината љубов кон зелените терени и фудбалот се големи, а таа важи за голема голгетерка.
Сонот на Нацева се оствари, таа го носи репрезентативниот дрес што е сон на секој спортист.
Александар Ванев, М-Нет