Ларвицидна дезинсекција за уништување на комарците ќе спроведе утре Општина Штип

Ларвицидна дезинсекција за уништување на комарците ќе спроведе утре Општина Штип. Третирањето ќе се одвива во периодот од 09:30 до 13:30, а ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територија на општината. Информираат доколку има неповолни временски услови, децинсекцијата ќе биде одложена за следен поволен ден.

,,Ве информираме дека на ден 15.04.2025 година (вторник), на територијата на Општина Штип ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција за уништување на комарците.  Третирањето ќе се одвива во периодот од 09:30 до 13:30 часот, и ќе ги опфати застојните води во урбаните населби и локалитети низ општината.  Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот следен поволен ден.“ , стои во соопштението од Општината

Инаку, ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, и е предвидена во Програмата за активности на Општина Штип во областа на здравствената заштита.

Иван Митев, М-Нет