Тодорчев е задоволен како одиграл Вардар Неготино, Брегалница до крајот игра со конкурентите – каков е патот на „сините“ до Прва лига?

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Вардар Неготино си заврши голема работа кога е во прашање директниот опстанок во Втора лига, откако со минимални 1:0 ја доби Брегалница на „Цвај арената“.

Тренерот на Вардар Неготино, Горан Тодорчев во изјава за М Нет телевизија истакна дека е задоволен од тоа како одиграл неговиот тим против Брегалница.

„Благодарност до залагањето на фудбалерите до публиката до винари во Неготино, дечките одиграа мислам дека ова ни е најдобар натпревар ова полусезона, најзрел натпревар, физички, психички многу важен натпревар ни беше. Натпреварот како што видовме сите беше многу тврд на двете екипи многу битен натпревар и за Брегалница и за нас, но ете со мала среќа натперварот заврши во наша корист“, рече тренерот на Вардар Неготино, Горан Тодорчев.

Остануваат уште шест кола до крајот во Втора лига, а тимот на Вардар Неготино во следното коло ќе гостува кај Новаци.

„Па сега мислам дека со победата во Прилеп и со победата над Брегалница завршетокот на сезоната ќе ни биде благо речено полесен не е се ништо готово, бидејќи гледаме дека овие екипи кои што се од долниот дел се креваат, еве гледаме Вардарски победи што е супер за неизвесна завршница на сезоната. Мислам дека една до две победи до крај ќе ни бидат доволни за сигурен опстанок“, вели Тодорчев.

Пред Брегалница сега е многу тешка ситуација во битката за директен влез во Прва лига, па дури и за баражот, бидејќи штипјани се соочуват со тешки шест натпревари до крајот.

Во следното коло Брегалница ќе гостува кај Борец во Велес, потоа следуваат два тешки натпревари. Во Штип доаѓа Македонија ЃП, а потоа Брегалница гостува во Гостивар кај Арсими.

Во рамки на 28. коло Брегалница на домашен терен ќе игра со Беласица, потоа за штипските „сини“ доаѓа неизвесен меч на „Билјанини Извори“ во Охрид, а пак Брегалница во последното коло ќе игра со Башкими во Штип и тој меч може да биде клучен и за двете екипи, што значи дека 30-тото коло во Штип ќе биде одлучувачко.

Освен што Брегалница не смее да погреши до крај треба да игра перфектно, но тоа ќе биде тешко со оглед на слабата игра во претходното коло, што би значи многу подобра игра во следните клучни натпревари, но ќе треба Брегалница да се надева на грешки и на конкурентите.

На крајот поразот во Неготино екипата на Брегалница може да го плати со нова сезона во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет