Бутел против Црна Река во дерби за опстанок, Кеги Моби бара три бодови против Железарец и потврда на опстанокот во Првата футсал лига

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 17. коло на Првата футсал лига, кое е претпоследно коло, по што ќе остане да се одигра и последното 18. коло за комплетирање на сезоната.

Колото се отвара утре со мечот меѓу Бутел и Црна Река, дерби на две екипи во трката за опстанок во Првата футсал лига.

Во недела ќе се одиграат три натпревари. Проект ќе игра против старо новиот шампион Форца во Гевгелија, Клими против Јувентус Серава каде гостинот ќе сака бодови за опстанок, Шкупи ќе го пречека Осогово на свој терен.

Колото се затвара во понеделник со мечот меѓу веќе отпаднатиот Железарец и Кеги Моби, каде тимот на Кеги Моби ќе бара победа и три бодови за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет