
Доколку се врати старата методологија на пресметка на пензиите, пензионерите ќе се најдат во истата ситуација од претходно, за која се бореа цели две години на улица. Трајче Станојков, претседателот на иницијативниот одбор Св. Николе во вчерашното гостување во М-Нет телевизија рече дека ако тоа се случи, повторно ќе се наградуваат пензионерите со високи пензии, а ќе се казнуваат оние со малите.
,,Ние како баратели на ова линеарно покачување на пензиите сме против да се врати враќањето на законот, кој што беше прифатен од претходната влада. Ние се боревме за тоа речиси две години на улица, за да на тој начин да не функционра начинот на услогласувањето на пензиите. Просто и едноставно ќе кажам дека ако иди и понатаму пресметката на пензиите со проценти, тогаш ние довагаме во истата ситуација да ги наградуваме оние пензионери, кои што имаат високи пензии, а да ги казнуваме и осакатуваме оние кои имаат мали пензии. Бараме да бидеме подеднакво наградени.“, вели Станојков
Доколку во септември пензионерите од иницијативните одобри не наидат на разбирање и усогласување, стојат цврсто со ставот дека нема да гласаат.
,,Ние доколу во септември не наидеме на разбирање, преговори, разговори, како и усогласување и така натаму, ние слободно можеме да им кажеме дека тие кои што ќе сакаат да бидат на влас од нас немаат глас, заради тоа што сакаме да продолжиме да живееме и во 2026 година.“, додава Станојков
Инаку, Сега останува да се види како ќе се одвива усогласувањето во пракса од септември и дали пензионерите навистина ќе почувствуваат подобрување во нивниот животен стандард или повторно ќе се соочат со незадоволство и нови барања.
Иван Митев, М-Нет