
Врнежите од дожд изминатиот период до половина ја наполнија браната Калиманци. Моментално влегуваат 16 метри кубни вода во секунда. Најголеми врнежи имаше во Берово и полнењето на Калиманци од таму беше задоволително. Се очекува наредниот период дополнително да се полни со цел да нема проблеми за наводителната сезона.
„Моментално во брана Калиманци има 57 милиони метри кубни вода, значи моментално сме на пола од полна брана. Моментално во брана Калиманци влегуваат 16 метри кубни вода во секунда. Имајќи во предвид дека пред една недела влегуваа кубик и 800 литри во секунда. Добро е што во реонот на Берово заврнаа околу 100 литри на метар квадратен дожд, додека делчевскиот и каменичкиот регион беше послаб со врнежи. Ако беше исто како во Берово тогаш можеме да кажеме слободно дека ќе имавме коплетна вода за надвонителната сезона“ – вели Зашов.
Сезоната за наводнување требаше да започне наредната недела, но заради врнежите од дожд ќе биде одложена неколку дена. Пред се и нивните во кочанско не се подготвени за да биде пуштена вода за наводнување.
„Обично сезоната започнува од 8 до 12 април, но имајќи во предвид дека сега во кочанскиот регион има заврнато над 50 литри дожд на метар квадратен и земјоделците не се подготвени. На тие места каде земјоделците ќе ни побараат вода ние сме подготвени да пуштиме, но мислам дека наводнувањето ќе биде малку задоцнето и ќе биде после 15 април“ – додава Зашов.
Инаку, во текот на вчерашниот ден во Општина Чешиново Облешево беа директорот на АД Водостопанство, како и министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Како што напиша тој на својот фејсбук профил извршен е увид како тече процесот на чистење на каналската мрежа и нивната функционалност. Додаде дека Навремено се расчистува згуснатата вегетација и наталожената тиња по каналите се со цел непречен проток на вода за наводнување кога таа ќе биде најпотребна за земјоделците.
Хидролошката состојба се подобрува, оризопроизводителите навремено ќе имаат вода за наводнување на нивните посеви.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет