Боксерите на БК Пинк Пантер од Штип подготвени за новите предизвици на „Опен Балкан“ во Лозница, Србија

Боксерите на боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип се подготвени за седмото коло од меѓународната лига „Опен Балкан“. Седмата рунда ќе биде веќе овој викенд во Лозница, Србија, а од штипскиот клуб учество ќе земат пет боксери.

„Боксерите на БК Пинк Пантер од Штип викендот ќе настапат на меѓународното натпреварување „Опен Балкан“ во Лозница, Србија, каде ќе земеме учество со пет боксери. Веќе се познати противниците бидејќи ждребењето е предвреме, предвремено е пријавувањето на боксерите. До 40 килограми Мухамед Мемедов против Рачиќ Алексич од Сомбор, до 42 килограми Марко Чурлиновски со Михаил Авромоски од Охрид, Иса Бајрам до 60 килограми со Салиќи Саша од Романија, до 60 килограми Зулфиќар Бајрам против Михајло Стојановиќ од Апатин и Али Рустемов до 37 килограми со Дамир Барановиќ од Бијело Поље. Вкупно во седмото коло ќе настапат 52 пара боксери или вкупно учество на 104 боксери“, рече Чурлиновски за М Нет телевизија.

Во оваа меѓународно натпреварување „Опен Балкан“ се опфатени повеќе држави.

„Ова е паралелно на македонската лига, меѓутоа ова е регионална лига во која учествуваат екипи од Србија, Црна Гора, Романија, Албанија, Македонија и Словенија“, рече Чурлиновски.

Штипските боксери имале успешни подготовки и максимално подготвени утре заминуваат за Србија.

„Подготовките се во завршна фаза сега следува контролирани на килограмите кои треба да ги имаат на вагата утре и се очекува успешен настап мислам дека не можам да предвидувам, како ќе биде резултатот, меѓутоа знам дека боксерите се спремни да го дадат максимумот, а резултатот ќе зависи од тоа што ќе го покажат на самиот ринг“, дополнува искусниот тренер.

Клубовите сами ги сносат трошоците за учеството во оваа меѓународно натпреварување, претходно беа одиграни шест кола.

„Се работи за млада генерација која ова и е втора година настапна натпреварувачка година ние веќе завршивме на 4 место во регионалната лига, со две кола на кои не настапивме при крајот на минатата година, бидејќи се поклопија со првенството на Македонија, не учествувавме, сега може да сме малку подолу, меѓутоа ќе се потрудиме до крајот уште ни останува едно коло да се вратиме горе на табелата“, дополнува Чурлиновски во изјава за М Нет телевизија.

Пред боксерите е седмото коло овој викенд, а потоа ќе им остане и осмата рунда од оваа меѓународна лига.

Александар Ванев, М-Нет