
Најниската пензија во моментот е 18,192 денари, а просечната пензија изнесува приближно 26,258 денари, после линеарното покачување на пензиите на пензионерите за 5000 денари. Од владата посочуваат дека со зголемувањето е исполнето ветувањето на над 330 000 пензионери. Велат дека пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот.
,,Исполнето е ветувањето за зголемувањето на пензиите од 5000 денари на над 330 000 пензионери. Со исплатата на мартовската пензија за 2,500 денари, се заокружи циклусот за линеарно покачување на пензиите за 5.000 денари. Со сегашното зголемување најниската пензија во март изнесува 18.192 денари, додека просечната пензија изнесува околу 26, 258 денари. Пензионерите заслужуваат сигурен и достоинствен живот. Грижата за пензионерите е наша обврска и цел. Како влада продолжуваме целосно, посветено и одговорно да работиме за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“, се наведува во соопштението
Покрај зголемувањето на пензиите, владата исто така стои со ставот да не се зголеми старосната граниза за пензионирање, која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи со најмалку 15 години работен стаж.
“Дополнително дека работиме во интерес на граѓаните покажува и фактот што како Влада имаме став дека нема да ја зголемиме старосната граница за пензионирање која сега е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж.” , додаваат тие
Инаку, она што дополнително се наведува од владата е дека и понатаму тие како влада ќе се работи во интерес на граѓаните, како за помладите, така и за повозрасните.
Иван Митев, М-Нет