
Нов објект за дневен центар за рехабилитација ќе добие Штип. На локација во централното градско подрачје, на местото на некогашното текстилно училиште ќе биде објектот во кој ќе се работи со децата со попречености. Освен ова ќе се работи со децата со цел да бидат работно способни и да се пронајдат на пазарот на труд.
„Одвоените средства за изградба на дневен центар за рехабилитација, одвоени се повеќе од 10 милиони денари. Верувам дека доколку има заедничка соработка ќе се изнаоѓаат решенија. Јас верувам во намерите на Владата и Локалната самоуправа да се најде решение на нивното секојдневие.“ – вели Јорданов.
Локацијата е утврдена, средствата се обезбедени. Во наредниот период ќе се подготви тендерската постапка. Центарот за рехабилитација ќе опфаќа 24 дечиња и овде неколкучаса ќе се работи со нив, за подобрување на состојбата во која се наоѓаат. Ова е прв ваков центар за рехабилитација кој ќе биде отворен во државата.
„ Ќе се опреми самиот центар, а треба да се фокусираме и на програмата за работа и како работно да ги ангажираме лицата со поречености. Затоа треба да разговараме и со бизнис центарот за овие дечиња да можат да бидат професионално ангажирани и да можат да бидат корисни за својата средина“ – вели Велковски.
Родителите на децата со попречености од Штип задоволни од преземнањето на овој според нив прв чекор и надеж дека ќе се слушне и нивниот глас.
„Како родител ова е од големо значење за нас. Ова е почеток, ова е првпат нашиот глас да е важен. Претходно нас никој не не прашуваше. Во овој случај се надевам дека ќе се постигне тоа дека децата ќе добијат работна терапија.“ – вели Мијалков.
Во Штип на денешната средба беа преставници, родители на деца со попречености, и заеднички сите чинители ќе носат одлуки за функционирање на овој ценар, со цел подобри услови за децата со попречености.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет