ФК Карбинци има рекорден буџет од милион и пол денари од општината за 2025 година – клубот конкурира за второ место во Трета лига – Исток!

Фудбалскиот клуб Карбинци забележа огромна победа од 0:4 над некогашниот прволигаш Хоризонт Турново на стадионот „Кукуш“ во Турново во рамки на 12. коло на Трета лига – Исток. Победа со која Карбинци се пробива на четвртото место на табелата со 18 бодови, но има само два бода помалку од Овче Поле кој е втор и Брегалница која е трета со по 20 бодови.

Карбинци на „Кукуш“ поведе по само пет минути игра преку Никола Илиевски, а во 43. минута со гол од пенал Сашко Соколов обезбеди 0:2 на полувреме. Во финишот од мечот Карбинци ја исокристи предноста со играч повеќе на тернеот и преку Христијан Крстов дојде до 0:3, ап ак во 90. минута Тоше Спиридонов ги постави конечните 0:4.

Општина Карбинци има одвоено рекорден буџет за фудбалскиот клуб Карбинци во висина од милион и пол денари за 2025 година.

Карбинци има значително подобрена игра во однос на ланската сезона, сега клубот се бори за второ место, а истото може да го превземе веќе следниот викенд, кога Карбинци ќе гостува во Свети Николе против Овче Поле, во дерби натпревар во рамки на 13. коло на Трета лига – Исток.

Исто така, треба да се истакна дека фудбалскиот клуб Карбинци веќе неколку сезони учествува во фудбалскиот Куп на Македонија, каде игра против прволигаши, но тоа што треба да се потенцира е дека ФК Карбинци е одличен организатор и домаќин. За клуб кој доаѓа од мала рурална општина, ФК Карбинци покажува и докажува дека може да опстојува и да се носи и со поголеми екипи.

Александар Ванев, М-Нет