
Кик бокс клубот Гладијатор Фајт од Штип ќе учествува на Европскиот куп „Grand Prix“ во Сараево, Босна и Херцеговина, во период од 4 до 6 април.
Штипскиот клуб ќе настапи со тројца натпреварувачи, сите во кадетска конкуренција. Антонија Тасева ќе се натпреварува во киклајт до -60 килограми, Јован Јанковски во киклајт до -47 килограми кој доби признание на спортската манифестација на М Нет телевизија кога без избрани најдобрите спортисти до 18 години на Истокот, како и Љупчо Коштанов во киклајт до -47 килограми, а за време на неговите подготовки му помагаше Викторија Варадинова.
Тренерот на кик бокс клубот Гладијатор Фајт, Шенол Анасов, за М Нет телевизија истакна дека е задоволен од посветеноста и формата на натпреварувачи, истакна дека ќе дадат се’ од себе за гордо и достоинсвенот да го претстават клубот и државните бои.
Повеќе од месец дена беа подготовките за Европскиот куп, каде што натпреварувачите работеа на кондиционо-техничка спремност, се работеше на поправка на грешките од претходното првенство со цел да бидат во најдобра форма за Европскиот куп во Сараево.
Тренер на клубот е Шенол Асанов, а пак помошен тренер е Викторија Варадинова.
Александар Ванев, М-Нет