Штип – Пет новозаболени од КОВИД 19

Тоа што вчера, од 1156 тестирања на ниво на држава немаше информација за новозаболени од КОВИД 19 во Штип, не значи дека конечно во општината вирусот е во сооднос со новата нормалност.

Според информации од директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова, денес има пет новозаболени, а од Марина Шуманска, портпаролот на Клиничка болница, дознаваме дека на Одделението за Инфективни болести се хоспитализирани 41 лице.

Моментално се 33 дијагностицирани со корона вирусот и осум лица сомнителни –  изјави Шуманска.

Со ова, Штип не е веќе меѓу првите три градови во Македонија со најголем број заболени, сепак, она што е значајно и постојано се повторува, е дека мора да се продолжи со трите основни мерки – носење маски, дистанца и дезинфекција.

До вчера, евидентирани се вкупно 12739 заболени од појавата на вирусот во државата. Излекувани се 9174 лица, а починале 544. Бројот на активни случаи со КОВИД 19 до вчера изнесуваше 3021 лице.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ

Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ