
Тоа што вчера, од 1156 тестирања на ниво на држава немаше информација за новозаболени од КОВИД 19 во Штип, не значи дека конечно во општината вирусот е во сооднос со новата нормалност.
Според информации од директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова, денес има пет новозаболени, а од Марина Шуманска, портпаролот на Клиничка болница, дознаваме дека на Одделението за Инфективни болести се хоспитализирани 41 лице.

–Моментално се 33 дијагностицирани со корона вирусот и осум лица сомнителни – изјави Шуманска.
Со ова, Штип не е веќе меѓу првите три градови во Македонија со најголем број заболени, сепак, она што е значајно и постојано се повторува, е дека мора да се продолжи со трите основни мерки – носење маски, дистанца и дезинфекција.
До вчера, евидентирани се вкупно 12739 заболени од појавата на вирусот во државата. Излекувани се 9174 лица, а починале 544. Бројот на активни случаи со КОВИД 19 до вчера изнесуваше 3021 лице.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ