
Десетина дена по трагичниот настан во дискотеката во Кочани, сѐ уште останува не решено прашањето за вработеноста во ТППЕ Кочани, возниот парк, како и опремата со која располага. Кобната 16 мартовска ноќ, на терен во дискотеката во Кочани беа сите вработени во противпожарната единица, како и членовите на ДПД Кочани. Со сите расположливи средства, возила и опрема максимално се вложија во гасењето на пожарот. Но, во рамки на тоа колку беа во можност.
Уште пред една година кочанската територијална противпожарна единица Кочани се соочуваше со недостаок на кадар. Во 2023 година Комнадирот, Драган Апостолов, апелираше до надлежните да преземат мерки со цел вработување на нови лица.
„Од 2018 година ТППЕ Кочани брои 16 лица, иамјќи ја во предвид и старосната граница од 49 години, наредните пет до шест години од нашата единци седум луѓе од колегите ќе заминат во пензија. Ова нека послужи како еден вид апел до надлежните служби дека нешто мора да се преземе во овој сегмент, за вработување на нови лица“ – вели Апостолов.
И денеска по повеќе од една година ситуацијата е иста. Како што потврди Апостолов за М-Нет телевизија, кој денеска практично треба да биде пуштен на домашно лекување, според Законот и согласно бројот на населението на територијата на која ја покриваат ТППЕ Кочани треба да има вработено минимум 33 пожарникари. Практично, тоа значи дека се работи со 45 отсто од предвидениот законски Правилник за пожарникарство, односно еден човек работи за две работни места.
Но, освен недостатокот на вработени во кочанската територијална противпожарна единица, проблем е и недоволната едукација за справување во вакви ситуации. Како што посочува Претседателот на ДПД Кочани, Златко Илијев, во наредниот период друштвото на големо ќе работи за да се зголеми едукацијата кај граѓаните, како да реагираат за време на пожари.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет