
Во рамки на синоќешното 9. коло од плеј-офот на ракометната Суперлига во женска конкуренција, екипата на Астибо до Штип претрпе тежок пораз на гостување кај Вардар со резултат од 43:21.
Високиот пораз се рефлектираше и со тоа што не играше најискусната ракометарка во редовите на штипскиот клуб Марија Анчева, па со тоа штипјанки се соочи со деветтиот пораз во плеј офот, а пак Вардар дојде до второ славје во овој сегмент од натпреварувањето.
Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога резултатот беше 20:9, па во вториот дел Вардар играше на рутина.
Најдобра кај Вардар беше Сара Богојеска со седум погодоци, а кај Астибо се истакна Елена Вучевска со десет реализации.
Висока победа однесе и Метарлуг Автокоманда во дербито со Чаир со резултат од 33:24, па наместо дерби имаше висока победа за домашниот тим.
Најдобра кај победничкиот тим беше Маријана Гугуљанова со осум гола, а ја следеше Борјана Коцева со седум гола, додека пак кај Чаир се истагна Теодора Гулицоска со 12 гола.
Шампионот Ѓорче Петров го одигра најтешкиот меч досега против Куманово, но на крај успеа да слави преку пресврт со 27:29. Во првиот дел Куманово имаше предност од 15:14, но во вториот дел „лавиците“ направија пресврт за победа.
Во плеј аутот екипата на Спартак со 27:26 го доби Пелистер, Деспина со минимални 29:28 го доби тимот на Стружанка, а пак Ѓорче Петров 2 славеше над Шампион со 33:23 слободна беше екипата на Овче Поле од Свети Николе.
Александар Ванев, М-Нет