
Македонскиот репррезентативец Бојан Миовски вечерва на натпреварот против Велс ќе игра со посебни копачки во чест на настраданите од големата трагедија во Кочани.
Копачките на штипјанецот имаат основа со македонско знаме, црн симбол во чест за загинатите од трагедијата во Кочани.
„Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства“, напиша Миовски.
На копачките е се испишани и буквите „БСМ“ на латинично писмо, а тоа е семејството на фудбалерот од Штип, односно Бојан, Сара и Матео.
Миовски го носи дресот на шпанска Џирона.
Александар Ванев, М-Нет