137 пешаци казнети за небезбедно преминување улица за само 6 часа

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 9 до 15 часот, полицијата спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, при што санкционирани се 166 пешаци.

Најголем дел од нив, односно 137, биле санкционирани поради небезбедно преминување на улица надвор од обележан пешачки премин.

За време на контролата санкционирани се и 167 други сообраќајни прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелот до пешаците е да ги почитуваат сообраќајните правила и улицата да ја преминуваат исклучиво на обележани пешачки премини.

Непочитувањето на правилата ќе биде санкционирано. Одговорното однесување на сите учесници во сообраќајот е клучно за поголема безбедност.

Ева Тушевска, М-Нет