
Закажани натпреварите од одложените кола во Третата македонска фудбалска лига поради трагедијата која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.
Натпреварите од 16. коло во Трета лига – Север ќе се одиграат веќе во вторник односно на 25 март.
Во Трета лига – Југ треба ќе се одиграат натпреварите од 16. коло, а оваа рунда е закажана за 26 март.
Исто така, во среда на 26 март ќе се одиграат и натпреварите во Третата македонска фудбалска лига – Запад.
Во Трета лига – Југозапад беше одложено 12. коло, во овој регион двапати се одложува почетокот на пролетниот дел, првиот пат поради промена на седиштето од ОФС Охрид во ОФС Битола, а вториот пат поради трагедијата во Кочани. Натпреварите од 12. коло на Трета лига – Југ е се одиграа во среда на 26. март.
Во Трета лига – Исток натпреварите ќе продолжат следниот викенд, односно во сабота на 29. март со мечевите од 11. коло.
Александар Ванев, М-Нет