Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство 2026

ФОТО РФМ

Македонската женска ракометна репрезентација ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство 2026. Ждрешката посака Македонија да биде во групата 3 каде ќе се соочи со силните репрезентации на Германија, Белгија и Словенија.

Пласман на ЕП ќе обезбедат првете две репрезентации од секоја група, како и четири најдобри третопласирани репрезентации.

Петте селекциите кои се домаќини на Европското првенство, односно Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција, веќе имаат загарантирано место, како и трите најдобри селекции од Европското првенство од 2024 година, тоа се европскиот шампион Норвешка, вицешампионот Данска и третопласираната Унгарија, а тоа значи дека овие репрезентации нема да играат квалификации, туку директно ќе бидат дел од ЕП.

Квалификациите ќе се играат во три периоди, односно од 15 до 19 октомври 2025 година, потоа од 4 до 8 март 2026 година и од 8 до 12 април 2026 година.

Македонија учествуваше на последните две Европски првенства односно во 2022 и 2024 година.

ЕП 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември, a за првпат во историјата ќе се одржи во пет различни држави односно во Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.

Александар Ванев, М-Нет