Тошковски: Ќе се искорени целосно системската корупција со цел да се врати довербата во институциитe

Ќе се искорени целосно системската корупција, со цел да се врати довербата во институциите, информираше денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својата изјава. Тој рече дека Македонија ќе стане безбедна, праведна, достоинствена држава за секој еден граѓанмин, бидејки тој чувствува морална одговорност со што длабоко верува дека ќе се покаже одговорност преку дејствување.

“Ќе продолжам да се борам за искоренување на системската корупција, за враќање на довербата во институциите, за Македонија да стане безбедна, праедна, достоинствена држава, за секој наш граѓанин. За секој еден македонец, албанец, турчин, ром, србин, за сите останати. Тоа е најмалку што го должиме за овие млади животи, што се изгубени. Јас ја чувствувам мојата морална одговорност, длабоко искрен, но верувам дека токму сега во длабоки моменти, најважно е да се покаже одговорност преку дејствување. Останувам тука со истата решителност и посветеност да ја водам битката до крај. “, вели Тошковски

Ова е само почеток за сетоа она што селеди вели Тошковски, додавајки дека секој еден детал поврзан со трагичниот предмет, е должност министерството да го утврди и соодветно да го процесира.

Oна што дополнително го истакна министерот Тошковски, е дека ги уверува граѓаните дека секој еден кој што e дирекно или индирекно поврзан со овој случај ќе одговара. Сетоа она што го имаат превземано тие како министерство во изминатиот период е целосно во рамки за законот додаде министерот Тошковски, со што тој стои јасно со својот став да нема наши и ваши, туку праведни и неправедни.

Иван Митев, М-Нет