Физичко присуство, поддршка, заедница и молитва, неопходни за процесот на оджалување

Физичкото присуство, заедницата, молитвата, поддршката од голема важност за скршените од болка и тага. Ваквите препораки се од особена важност за процесот на оджалување советуваат психолозите, бидејќи истите покажуваат дека никој не е сам и никој не треба да биде. Во овие моменти според нив е најразумно да се остави тишината и да се понуди физичкото присуство од најблиските во знак на поддршка сочувство.

“Во овие моменти најразумно би било да се остави тишината да делува. Подобро е да го понудиме нашето физичко присуство како поддршка, како и нашето сочувство. Бидејки навидум утешителните зборови од типот ,,ќе биде во ред“ и ,,не грижи се“ често можат да предизвикат болка и штета, одколку добра. Наместо непромислените фрази, можеме да ги прашаме засегнатите како можееме да им помогнеме и да им пружиме целосна грижа. Нешто што можеме да го сватиме е дека ова е потресен настан, ова е голем шок особено за најблиските на настраданите. Затоа доколку болката е обземачка и поразителна сосема е во ред докторите и психијатрите да се побараат суплименти или медикаменти. Oд особена важност е заедницата. Во овие моменти се организираат молитви во црквите, групи за поддршка во младинските центри. И овие собири се од голема важност за процесот на оджалување, бидејќи ни покажуваат дека никој не е сам и никој не треба да биде.“, вели Павлова

По моментите на голема тага, ќе дојде оној миг кога настраданите ќе имаат малку повеќе сила да зборуваат на глас и да го искажат она, кое го почувствуваче велат психолозите, со што доага моментот кога страдалните треба да се обратат кон стручните лица, бидејки тие ги сослушуваат истите од сосема различна перспектива.

„На крај доага и моментот кога ќе имаме малку повеќе сила да зборуваме на глас и да го искажеме она, кое сме го почувстувале и ова е моментот кога треба да се обратиме кон стручните лица за состојбата на менталното здравје. Бидејки иако овие нешта е добро и треба да се дискутираат со најблиските, сепак многу подобро е кога можеме да се разбере,е кога некој ќе не сослуша од сосема различна перспектива. Психолозит и терапевтите помагаат дури кога не знаеме како да се искажеме, дури и да не се чувствуваме дкеа сме подготвени. Тие се тренирани да седат со нас во тишината и да ни дадат простѕор да се распаднеме и совземеме, а со време и доцелиме.“, додавва Павлова

Од особена важност според психолозите е да се побара стручна помош, бидејки тоа е сосема нормално и во ред, бидејки трагедијата која се случи не само што е потресна ментално, туку и физички. Поддршката е неопходна со цел лицата го поминат траорот кој може да биде критичен.

Иван Митев, М-Нет