Десет пациенти пуштени на домашно лекување, сите повредени се во добра здравствена состојба

Моментално се лекуваат 162 пациенти кои се повредени од трагедијата во дискотеката во Кочани. Десет од пациентите кои се лекуваат во државата ќе бидат пуштени на домашно лекување, истакна на денешниот прес министерот за здравство Арбен Таравари.

„Вчера имаше три пациенти кои ги испишавме, моментално во клинички центар лежат 25 пациенти, во „8 Септември“ се 12 пациенти, во градската болница 11 и во Штип еден пациент. Во приватните болници вкупно се лекуваат 9 пациенти, од нив пет денеска се испишуваат“ – вели Таравари.

Надвор од државата се лекуваат 115 пациенти, но како што посочи Таравари сите се во стабилна и добра здравствена состојба.

Следно со што ќе се соочуваме се инфекциите, вели Таравари, затоа посочи дека ќе се превенира максимално за да нема компликации.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет