Кочанчани собираат петиција да се сруши дискотеката „Пулс“, со идеи таму да има парк или споменик



Граѓаните од Кочани собираат петиција за рушење на таканаречената дискотека на смртта, каде животот го загубија 59 лица. Оваа идеја прво се прошири на социјалните мрежи кадешто електронски граѓаните имаа можност да се потпишуваат, но иницијатива е петиција да се потпишува и на лист хартија. Понатаму петицијата ќе се достави до Општина Кочани. Граѓаните во Кочани имаат повеќе идеи за тоа што треба да се направи на ова кобно место. Првичната идеја е да се насадат дрвја, да се направи парк, во чест на загинатите млади лица. Друга идеја е да се направи споменик со имињата на починатите, со цел никогаш да не се заборави, но и да не се повтори трагедијата од Кочани. На ваков начин ќе се оддаде почит на загинатите кои таа вечер во дискотеката отидоа да се забавуваат, а трагично ги загубија своите животи.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет