
Солзата и болката не познава ниту вера, ниту нација, ниту боја. Верниците oд исламска вероисповед вчера на плоштадот во Штип се помолија за мир на починатите во Кочани, како и за здравје и исцеление на оние кои што сеуште се борат за живот. Верскиот службеник Раџу Пашиов рече дека болката за невините згаснати животи ја чувствуваат и тие, упатувајки огромно сочувство до семејствата на загинатите.
“И ние се насобраме овде, ја чувствуваме истата болка за загинатите наши другари, пријатели за невините животи на овие млади, таленти на овие млади ангелчиња, кои што жестоко, на некој суров начин го заршија својот живот. Нека Бог им даде трпение на нивните родители. Нека им е славата вечна. Секогаш ќе ги паметиме. Ова е најголемен удар на нашата држава. Солзата и болката не познава ниту вера, ниту нација, ниту боја и затоа нека почиваат во мир.”, вели Пашиов
Во еден глас извикувајки ,,Сакаме правда“ и тие со поддршка ја упатија својата загриженост. Велат и тие ќе се борат за искоренување на секакви нелегалности.
Инаку, покрај верниците од исламска вероисповед и верниците од христијанска, денеска со почеток од 17 часот ќе оддржат молебен за покој на починатите.
Иван Митев, М-Нет