Денес од 17:00ч. – молeбен за починатите во соборниот храм Св. Никола Штип, од 18:00ч.– јавен собир

Со почеток од 17 часот, денес во соборниот храм Св.Никола во Штип ќе се оддржи молебен за загинатите, кои животот го загубија во трагедијата во Кочани. Се повикуваат сите верници, заедно со свештениците да се помолат за покој на душите на починатите, но и за здравје и бргу опоравување на оние кои што се критични и се борат за живот. Покрај ова, денес со почеток од 18:00 на плоштадот во градот ќе се оддржи и јавен собир на граѓаните со цел тие не поминуваат сами низ овие тажни моменти, а ќе се поделат и црни ленти, во чест на незаборавот на загинатите. И не само во Штип, низ речиси сите градови во Македонија ќе се одржи ваков настан именуван како ,,Кoj e следен“. Болката се чувствува на секаде, која Македонија ја зави во црно.

Иван Митев, М-Нет