Голема трагедија: Почина младиот голман Дамјан Танески од Штип

Во големата трагедија која се случи ноќеска во Кочани, каде се запали дискотека, животот го загуби и 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип.

Во оваа огромна трагедија многу млади животи згаснаа, а Танески кој беше голман за жал е еден од нив.

Низ својата млада кариера која доправа требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево.