
Отворена новата канцеларија за услуги во Штип „Една точка за услуги“ која ќе функционира во наредниот период. Тоа значи дека граѓаните на еден шалтер може да ги завршат своите потреби, во повеќе институции. Градоначалникот, Иван Јорданов, на денешното отворање на Центарот посочи дека со ова ќе се направи голем исчекор во подобрување на ефикасноста на институциите.
„Преку оваа канцеларија ќе имаме дигитална поврзансот на повеќе институции со кои граѓаните комуницираат и имаат потреба од нив. Верувам дека ќе се направи значаен исчекор во подобрување на ефикасноста и на институциите на задоволство на сите граѓани“ – вели Јорданов.
Вработени од Министерството за дигитална трансформација во Штип ќе им помагаат на граѓаните да вадат околу 300 документи од кои имаат потреба. Во оваа канцеларија ќе може да извадат имотен лист, извод од матична книига на венчаните, услуги од МВР, документи од ЕВН и слично.
„Ова ќе биде еден вид собирање на сите кои се достапни на порталот и ќе бидат достапни за граѓаните со едно доаѓање на шалтер. Значајни и најискористени услуги во изминатиот период се М1 и М2 обрасците, МВР, во најава е Министерството за енергетика, регулаторна комисија за енергетика. Ново што е достапно се услугите за катастар“ – вели Андонов.
Вакви Центри за услуги претходно се отворени во Општина Аеродром и во Општина Јагуновце. Канцеларијата ќе работи од понеделник до петок,а во зависност од потребите на граѓаните се размислува за воведување и на втора смена.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет