
Утре се игра големото кошаркарско дерби во Македонска Каменица меѓу шампионот Баскет Кам и Крива Паланка, во рамки на 12. коло на Првата А лига.
Мега дерби на лидерот Баскет Кам кој има 19 бодови во однос на тимот на Крива Паланка кој е втор со бод помалку, но има и меч помалку. Оваа ќе биде дерби кое ќе решава за првото место во Првата А лига.
Натпреварот се игра во спортската сала „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, а ќе започне во 16 часот. За правдата ќе бидат задолжени Тренчевски како прв и Влахов како втор судија, а Митев ќе биде делегат на мечот.
Во рамки на 12. коло слободна е екипата на Патриот од Делчево, а во рамки на оваа рунда Бадел игра против Пробаскет, а пак МЗТ Скопје против Вардар.
Во рамки на 12. коло на Првата Б лига екипата на Струга денес игра со Риниа Баскет, а пак утре Шкупи со лидерот Спорт Тим од Неготино, додека пак слободни се екипите на Охрид и Гостивар.
Александар Ванев, М-Нет